Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Пазарна инспекција во контроли на трговците со ѓубрива

Пазарните инспектори тргнаа во контрола на трговците со вештачки ѓубрива. Ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пазарните инспектори тргнаа во контрола на трговците со вештачки ѓубрива. Ќе се проверува дали се применуваат ограничените маржи во трговијата.

Државен пазарен инспекторат апелира до сите економски оператори – трговци на големо и мало – да ги почитуваат донесените одлуки. Мерките ќе важат до 31 мај годинава.

Контролите ќе бидат насочени кон доследна примена на владините мерки: како највисоки цени во трговијата на големо на неорганските ѓубрива се утврдуваат цените што важеле на 15 април 2026 година, намалени за 10 проценти; највисоката бруто-профитна маржа во трговијата на големо и мало на неорганските ѓубрива се ограничува до 5 проценти; додека кај органските, органо-минералните ѓубрива, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата маржата се ограничува до 10 проценти, информираат од Инспекторатот.

Реклама

Дополнително, ќе се контролира и обврската за континуирано снабдување на пазарот со вештачки ѓубрива. Трговците на мало се должни месечно да обезбедуваат и продаваат најмалку 70 проценти од просечната количина што ја набавиле во 2026 година, додека трговците на големо треба да ги снабдуваат малопродажбите со најмалку 70 проценти од просечно продадените количини.