Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ против својот градоначалник, не сака отворање рудник што ќе го заживее регионот на Крива Паланка

СДСМ и Венко Филипче излегоа против својот градоначалник, кои и така ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Венко Филипче излегоа против својот градоначалник, кои и така ги имаат малку на број, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Филипче не сакаат во Крива Паланка да се отвори рудник, наспроти ставовите на нивниот градоначалник дека со запазување на сите стандарди и процедури за заштита на животната средина, тоа ќе е добро како за локалната и за целокупната економија, така и за стандардот на граѓаните.

СДСМ и Филипче немаат демократски капацитет да ги слушнат издржаните аргументи за рудникот во кривопаланечко, кои јавно ги кажува градоначалникот, тие одат против, само за да бидат против.

Реклама

Не може државата и граѓаните да страдаат поради несигурноста и стравот на Филипче дали ќе го задржи претседателското столче во СДСМ, и поради внатре партиската битка да се спротивстави на секој што мисли поразлично од партискиот врв.

Со ваквиот начин, СДСМ и Филипче покажуваат дека не сакаат Македонија да се развива, македонската економија да расте и македонските граѓаните подобро да живеат.

СДСМ и Филипче уште еднаш покажуваат дека се против се што значи подобар животен стандард за народот.

СДСМ на Венко Филипче не сака да се отвораат нови производствени капацитети, да се вработуваат граѓани, да земаат повисоки плати, тие сакаат само на нивната, таканаречена, партиска елита да им течат бизнисите, да градат висококатници по Дубаи, да купуваат акции во авиокомпании и да инвестираат во плантажи во Африка.

За благосостојбата на граѓаните и македонската економија не се грижат.

Да се грижеа, немаше за нивното седумгодишно владеење да го осиромашат народот доведувајќи пола милион граѓани на просјачки стап одвај преживувајќи со по 150 денари на ден, и немаше да ја опљачкаат државата носејќи ја до раб банкрот.

Но, сепак има нешто што СДСМ на Филипче може сега, од опозиција, да го направи. Може што побрзо да се освести и да се консолидира, за да стане релевантна и кредибилна опозиција која ќе ги поддржи проектите во интерес на државата и граѓаните.

Да биде коректив на власта со аргументирана критика, а не само со празни флоскули, само да се биде против, дури иако се работи за општествен и државен интерес.

СДСМ и Венко Филипче треба да се свесни дека работењето и делувањето спротивно на државните и интересите на граѓаните, од некогаш голема партија ги доведе СДСМ да биде трета партија во државата со одвај освоени 130 илјада гласа на последните локални избори.