Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Почна тридневната Меѓународна стартап академија за средношколци и студенти во Штип

Педесет средношколци и студенти од Македонија и Бугарија од денеска учествуваат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Педесет средношколци и студенти од Македонија и Бугарија од денеска учествуваат на тридневната Меѓународна стартап академија на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Проректорот на УГД-Штип, Дарко Лазаров истакна дека средношколците и студентите ќе имаат можност да предложат бизнис идеи. 

– Ова секако е во целосна согласност со стратегијата и мисијата на Универзитетот „Гоце Делчев“, бидејќи станува збор за Меѓународна стартап академија, во која што ќе учествуваат студенти, средношколци од Македонија и Бугарија. Но, многу повеќе е во насока на напорите на Универзитетот „Гоце Делчев“ да изгради еден еко – систем, една платформа во која што студентите нема само да стекнуваат академски знаења и вештини кои ќе бидат во насока  на полесно вработување – рече Лазаров. 

Тој посочи дека постојат неколку активни програми кои ги поддржуваат младите до 29 години за основање на стартап компании, а во рамки на оваа иницијатива, се работи и на отворање иновациски центар во Штип во соработка со Општината и Стопанска комора на Македонија. 

Реклама

-Академијата ќе обединува вкупно околу 50 млади кои што во овие три дена ќе работат на размена на бизнис идеи, иновација на бизнис идеите и стекнување на вештини за презентирање на тие бизнис идеи-рече Благој Трајков, координатор на Американското катче во Штип. 

Средношколката Ања Ситновска од Кочани рече дека е задоволна што е дел од натпреварот, нагласувајќи дека има можност да стекне нови знаења за развој на бизнис идеи. Според неа  работата во тим и менторската поддршка помагаат во унапредување на претприемачките вештини. Особено ја истакна вредноста на меѓународниот карактер на настанот, кој овозможува размена на различни искуства. 

-Многу сум среќна што сум дел од овој натпревар, пред се, за бизнис идеа. Овде се пријавив и сум среќна што сум изберена во мојот тим, бидејќи овде можеме да стекнеме многу нови знаења за да основаме бизниси и како да ја развиеме нашата бизнис идеа. Среќна сум што е интернационално бидејќи разменуваме разлучни искуства-рече Ситновска.