Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје најави денеска Министерството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје најави денеска Министерството за внатрешни работи, поради меморијална трка.

– Во недела, 26 април, во периодот од 9 до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон – трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“, при што натпреварувачите ќе се движат на дел од булевар „АСНОМ“ на потегот од крстосница со улица „Васко Карангелевски“ до крстосница со булевар „Србија“ и на дел од улица „Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со булевар „АСНОМ“ до крстосница со пристапна сообраќајница кај „Мајчин дом“ во Скопје, информираат од МВР.

Од тие причини, како што се додава, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Реклама

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.