Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Петрушевски: Газдата на СДСМ, Заев, се врати, а Филипче како да е во транс и уште си игра претседател

Газдата на СДСМ Заев се врати, а Филипче како да е во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Газдата на СДСМ Заев се врати, а Филипче како да е во транс и уште си игра претседател, колку побрзо се огради од Заев побрзо ќе ја врати партијата на нозе. Откако во понеделникот на прославата на СДСМ се појави Зоран Заев се потврдија тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека Заев е тој кој ја води партијата, а не актуелниот претседател Венко Филипче. Јасно се виде дека Заев е газда, а Филипче слуга. Јасно се виде дека Заев менаџира, а Филипче добива задачи и испорачува, се вели во изјавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. 

И додека на целата јавност и е јасно кој што е во СДСМ, Филипче никако да се помири со вистината, па вчера вели вистинскиот претседател сум јас! Филипче како да е во транс!

Веќе е кристално јасно дека другарот на Заев, Филипче е само изведувач на криминалните работи на реалниот газда Заев.

Реклама

Почитувани, тука е проблемот, проблемот е што газдата на СДСМ е Заев. Зошто? Затоа што Заев е лик кој е олицетворение на криминал и лик кој продава се, ја продаде државата под превезот на договори со соседите за наводни добрососедски односи. А реално, Заев ги продаде државните интереси без око да му трепне.

Затоа колку побрзо Филипче се свести дека токму поради ова СДСМ оди кон пропаст толку пoдобро за негово, за луѓето кои ги собра околу него, за партијата и секако за државата.

Ако Филипче сака да покаже дека е претседател на СДСМ, дека сака да ја врати СДСМ во живот, да застане СДСМ на нозе и воедно да биде сфатена од јавноста како сериозна опозициска партија, треба да се огради од криминалите и предавствата на Заев.