Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мемов на одбележување 80 години постоење на Сојузот на Здруженијата на пензионерите на Македонија

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов присуствуваше на одбележувањето на 80…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов присуствуваше на одбележувањето на 80 годишнината од постоењето на Сојузот на Здруженијата на пензионерите на Македонија.

Во своето обраќање Мемов нагласи дека овој јубилеј е симбол на истрајноста, заедништвото и посветеноста на Здруженијата на пензионерите во градењето на достоинствен живот на пензионерите, кои со својот труд и знаење се вградиле во темелите на државата и со својот придонес оставиле трага во изградбата на општеството и државата во целина.

Тој рече дека државата останува посветена на грижата за благосостојбата на пензионерите и обезбедување на нивен достоинствен живот.

Реклама

-Оваа Влада имајќи го предвид подобрувањето на стандардот на пензионерите направи нешто што досега не се случило во самостојна и независна Македонија, кога станува збор за пензионерите. Од септември 2024 до март 2026 Владата ги зголеми пензиит е вкупно за 7.000 денари, рече Мемов и додаде дека ова зголемување значи дека за редовната исплата на пензиите во оваа 2026 година од буџетот се одвојуваат околу 500 милиони евра повеќе отколку во 2024 година.

Директорот на Фондот на ПИОМ, Мемов се осврна и на соработката што Фондот ја остварува со Сојузот, при што истакна дека Фондот остварува редовни контакти со Сојузот на Здруженијата на пензионерите и отворено се разговара за сите проблеми што ги мачат пензионерите, како и за предлозите што тие ги имаат во насока на подобрување на пензионерскиот стандард.

-Таа комуникација и размена на иформации ќе продолжи во иднина и ќе градиме однос на взамена почит и плодна соработка за да продолжиме да градиме држава која се грижи за своите граѓани – од најмладите до највозрасните, посочи Мемов.