Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Анализа: Македонците лани направиле 12,4 милиони онлајн-трансакции и потрошиле 427,8 милиони евра, најмногу за авиобилети и резервирање хотели

Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн-трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авиобилети и резервации на хотели) – соопшти Асоцијацијата за е-трговија, која ги анализира објавените податоци од Народната банка за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2025 година.

Во однос на 2024 година, Македонците потрошиле 50 % повеќе во вредност, а бројот на е-трансакциите е зголемен за 69 %. Просечната трансакција изнесува 34 евра и е помала за 11 % во однос на минатата година. Притоа 74 % од вредноста и 83 % од бројот на направените трансакции се во Ирска, Холандија, Обединето Кралство, САД, Унгарија, Германија, Кипар и Луксембург.

Македонците оствариле најголема вредност на е-трансакции во Ирска, во износ од 92,1 милиони евра, со пораст од 173 % во однос на минатата година, а во Холандија е остварена вредност од 62,4 милиони евра и пораст од 49 % во однос на минатата година.

Реклама

Анализата покажува дека во Ирска е направен и најголем број или 4,8 милиони е-трансакции од страна на Македонците, потоа 2,1 милиони во САД, а најголем годишен пораст на бројот на е-трансакциите во 2025 година е забележан во Германија, речиси 650 %, а во Кипар 263 %. Пад на бројот на е-трансакциите е забележан во Луксембург од речиси 50 % и во Обединетото Кралство од приближно 9 %.

Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оствариле во Унгарија од 152,2 евра, иако помалку од лани за 2,1 %, а во Луксембург направиле најниска просечна трансакција и таа изнесува 14,1 евра. Во 2025 година се забележува драсатичен пад на просечната трансакција во Германија од речиси 70 %, која минатата година беше највисока и изнесуваше 214,2 евра.

– Податоците покажуваат дека покрај силниот раст на прекуграничната е-трговија, се случува и значајна промена во структурата на вредноста и бројот на е-трансакции по земји. Оваа промена во голема мера е условена од начинот на кој глобалните дигитални платформи ги организираат своите деловни и платежни операции, односно каде се регистрирани нивните европски седишта или билинг-центри. Ирска има најголемо учество и во вредноста и во бројот на трансакции, пред сè зашто таму се лоцирани европските операции на глобални компании, како „Амазон“, „Гугл“, „Мета“ и Епл“, но дополнително и таму оди наплатата за купувањата од „Тему“, како и многубројни дигитални услуги, апликации и subscription-платформи. Веднаш потоа следува Холандија како значаен е-commerce и логистички хаб во Европа, но и седиште на платформи, како Booking.com, што ја објаснува нејзината силна позиција, особено во сегментот на патувања и резервации – вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска-Станков.

Таа оценува дека и САД имаат значајно учество, што е очекувано имајќи предвид дека таму се седиштата на некои од најголемите глобални платформи, како „Амазон“, „Ибеј“, „Нетфликс“ и други дигитални сервиси.

– Обединетото Кралство останува важен пазар поради развиената онлајн-малопродажба и големиот број е-трговци, кои директно продаваат на европските пазари. Од друга страна, растот кај земји како Кипар укажува на зголемената улога на финтек-компании и платежни процесори, односно на тоа дека сè поголем дел од трансакциите се процесираат преку меѓународни посредници. Истовремено, промените кај традиционални хабови како Луксембург укажуваат на прераспределба, а не на намалување на трансакциите, односно на диверзификација на корпоративните и платежните структури на глобалните компании. Овие трендови потврдуваат дека географската распределба на онлајн-купувањето сè повеќе ја следи структурата на глобалната дигитална економија, каде што земјата на евиденција на трансакцијата не мора да ја одразува реалната локација на производот или услугата. За македонските потрошувачи ова значи поголема достапност и избор, но истовремено и зголемен одлив на средства кон странски платформи – дополнува Ангеловска Станков.

Асоцијацијата за е-трговија најавува дека 9. регионална конференција за е-трговија ќе се одржи на 3 ноември 2026 година и ќе понуди нови можности за едукација, размена на искуства и вмрежување.