Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Пругата од Крива Паланка до бугарска граница ќе се гради летово, Коридорот 8 се гради со забрзана динамика

Од застој до забрзана градба. Вториот дел од пругата кон Бугарија од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од застој до забрзана градба. Вториот дел од пругата кон Бугарија од Бељаковце до Крива Паланка активно се гради. Одглавен е и проектот за Вицепремиерот Александар Николоски информира дека е објавен тендерот за избор на надзор за  третата фаза од Крива Паланка до граница. За десетина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, за летово да почнат работите на терен. На овој потег останува уште да се изгради заедничкиот железнички тунел со Бугарија кој ќе се финансира со европски пари. Николоски се надева дека Бугарија ќе има стабилна Влада со која проектот ќе се реализира.

„Третата фаза, останува проценетата вредност иста, секако ќе видиме какви понуди ќе добиеме, но проценетата вредност останува иста. Во однос на изградбата на тунелот се надевам извесно е дека Бугарија конечно ќе има стабилна влада, дека ќе продолжиме да работиме таму каде што застанавме со вицепремиерот и министер за транспорт Караџов и дека во текот на летото и таму ќе бидат завршени работите. Рокот за завршување останува исти, 2031-2032 година да целосно од наша страна се завршат работите. Бугарија ветува дека со исто темпо ќе заврши од нивна страна“ – рече Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Од Албанија до Бугарија преку автопат или експресен пат. Николоски вели дека активно се работи на реконструкција на преминот Деве Баир и негово проширување, а Ќафасан веќе се модернизираше. Конзорциумот Бехтел и Енка активно гради на двете делници од Тетово до Букојчани, а во финална фаза е и  изборот на изведувач за автопатот Кичево-Букојчани. Вицепремиерот потенцираше дека пат од Требеништа до Ќафасан дефинитивно ќе има, но поради забелешките од УНЕСКО ќе се менува трасата. На исток, следна делница за изградба е онаа од Куманово до Страцин.

Реклама

„Во моментот заедно со ‘Бехтел и Енка‘ работиме на изградба на автопатот Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани. Исто така работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево, а во моментот сме во финална фаза на избор на изведувач за автопатот Кичево – Бокојчани, уште една делница од Коридорот 8. Заедно со Европската Унија ќе работиме во рамки на Планот на раст за изградба на експресен пат помеѓу Куманово и Страцин, за кој се надевам дека следната година ќе можеме да го почнеме “ – рече Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Еден од главните поддржувачи на инфраструктурните проекти е Европската Унија, која вложува дури 1,2 милијарди евра во патниот и железничкиот дел од Коридорот 8.

„ Тој ќе биде имплементиран за да може што побрзо придобивките од спроведувањето на проектот да може да ги уживаат како граѓаните, така и бизнисите “ – рече Бен Нупнау – заменик шеф на делегацијата на ЕУ.

Сите инвестиции за изградба на железничкиот и патниот дел од Коридорт 8 ќе чинат вкупно пет милијарди евра.