Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Собраниската комисија за избори и именувања ќе формира Комисија за селекција на кандидати за член на ДКСК

– Во Собранието денеска ќе одржи седница Комисијата за прашања на изборите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Собранието денеска ќе одржи седница Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред е формирање Комисија за селекција на кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

За испразнетото место во Антикорупциската комисија, по оставката на Цвета Ристовска, на претходниот оглас беа пријавени петмина кандидати.

Претходниот оглас за член на ДКСК беше поништен поради сомнежи за кандидатури на партиски донатори. Според законот, кандидатот за член на ДКСК не смее да е донатор на партија во изминатите 10 години.

Реклама

Цвета Ристовска на 13 февруари годинава поднесе неотповиклива оставка од ДКСК откако Комисијата, во која работеше, против неа отвори два предмета затоа што се  појавија информации дека маркетинг фирма на нејзиниот син била ангажирана во текот на претседателските избори во 2024 година, добивајќи исплати за кампањите на тогашните кандидати, Стево Пендароваки и Гордана Сиљановска-Давкова, кои таа не ги пријавила во анкетниот лист.