Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Николоски со македонската дијаспора во Австрија: Посветени сме да овозможиме позитивни услови за сите оние кои се спремни да се вратат и да инвестираа во Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во Виена, заедно со премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во Виена, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, оствари средба со македонската дијаспора во Австрија, на која, како што објави разговарале за продлабочување на нашите односи што би придонело во зголемувањето на економијата и инвестициите во Македонија.

-Македонија и Австрија имаат блиска соработка баш заради причината што голем број Македонци живеат тука. Разговаравме за продлабочување на нашите односи што би придонело во зголемувањето на економијата и инвестициите во Македонија. Посветени сме да овозможиме позитивни услови за сите оние кои се спремни да се вратат и да инвестираа во Македонија, и со тоа активно да се вклучат во развојот на државата – објави Николоски на Фејсбук.

Николоски е дел од владината делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, што престојува во официјална политичка и економска посета на Австрија.