Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Славески на средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли: Потврдена силна поддршка за независноста на централните банки и засилена внимателност во услови на глобални ризици

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, заедно со министерката за финансии Димитриеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, заедно со министерката за финансии Димитриеска – Кочоска и нашата делегација, остварија средба со заменик-генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка коишто се одржуваат во Вашингтон.

Разговорите, како што се наведува во соопштението на НБ, се одвивале во контекст на засилена глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките тензии на Блискиот Исток и значаен фокус на самата средба беше ставен на ефектите врз светските енергетски текови, инфлациските притисоци и потенцијалните ефекти врз економските изгледи. Двете страни размениле мислења за потребата од внимателно следење на ризиците и навремена подготвеност на креаторите на политики за адекватен одговор во случај на нивно прелевање врз домашната економија.

Посебен акцент бил ставен на можноста од појава на индиректни, односно второстепени ефекти врз инфлацијата, при што било нагласено дека Народната банка будно ја следи состојбата и е подготвена, доколку е потребно, да реагира со расположливите монетарни инструменти со цел зачувување на ценовната стабилност.

Реклама
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на учеството на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон оствари средба со  заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли. На средб

Гувернерот Славески ја истакнал определбата на Народната банка за водење претпазлива, конзистентна и кредибилна монетарна политика, која е насочена кон одржување на стабилноста на цените и заштита на финансиската стабилност во услови на засилена глобална волатилност и неизвесност.

Во разговорите било нагласено и значењето на независноста на централните банки, вклучително и нивната оперативна и финансиска независност, како клучен предуслов за ефективно и навремено спроведување на монетарната политика и за одржување на довербата во институциите. Во овој контекст беше истакнато дека стабилните институционални рамки се особено важни во периоди на зголемени надворешни шокови и брзи промени во глобалното окружување.

Од страна на соговорниците била реафирмирана важноста на континуираната соработка меѓу Народната банка и ММФ, како и поддршката на Фондот во насока на натамошно унапредување на аналитичките и институционалните капацитети.

-Средбата, како што беше оценето, претставува потврда на заедничката заложба за одржување на макроекономската стабилност и зајакнување на отпорноста на економиите во услови на зголемени глобални ризици, при што централните банки остануваат клучен столб на стабилноста, се вели во соопштението на НБ.