Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Финансирањето на автопатот Кичево – Охрид од домашните банки ќе биде по најповолни услови, вели Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека Јавното претпријатие за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека Јавното претпријатие за државни патишта ќе добие средства по најповолни услови од пет домашни банки за завршување на изградбата на автопатот Кичево – Охрид по прекинувањето на финансирањето од кинеската Ексим банка. 

Николоски, денеска, во одговор на новинарско прашање рече дека според првичните пресметки потребните 175 милиони евра се обезбедени од Комерцијална банка, Стопанска банка – Скопје, НЛБ банка, Шпаркасе банка и Халк банка.

– Треба да помине владината процедура. Ни требаат уште една-две недели за да ја завршиме целата процедура и потоа ќе излеземе со точните услови, но тие се најповолни што ги има добиено кое било јавно претпријатие во Македонија – изјави Николоски пред средбата во Битола со стопанственците од Пелагонискиот Регион. 

Реклама

Според Николоски, со одлуката за финансирањето од домашните банки ќе се овозможи завршување на автопатот до крајот на годината. 

– Ние го забрзавме, да бидам подиректен, почнавме да го работиме автопатот затоа што претходно речиси и ништо да не се работело и природно беше дека ќе се потребни средства за да се заврши. Имајќи предвид дека имаше потпишан договор со државата Кина во 2013 година и така е избран изведувачот и финансирањето требаше да оди преку нив, но постапија како што постапија, непринципиелно, и бевме доведени пред избор дали да го прекинеме проектот затоа што немало, вели, да има изведувач од нивна страна ако тие не го обезбеделе финансирањето. Но, во тој случај и онака многу време се чека за довршување на автопатот, ќе требаше дополнително да чекаме нов тендер, избор на нов изведувач и така натаму. Нашата цел е до крајот на годината да го завршиме, како што сме ветиле. И затоа решивме да продолжиме. Во однос на финансирањето, никогаш не оставаме да немаме втор план, односно план Б, го имавме планот Б уште пред да се обратиме кај нив – изјави Николоски.

Минатиот месец беше потпишан анекс број 8 на договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, во должина од 57 километри, а со кој се обезбедуваат дополнителни средства и нов рок за завршување на проектот почнат пред 11 години. Со анексот се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, а новиот рок за завршување на автопатот е 31 мај 2027 година. Дополнителните средства се наменети за непредвидени и нови градежни работи неопходни за целосно завршување на проектот, меѓу кои санација на 14 свлечишта, обезбедување глобална стабилност на трасата, поставување еластична одбојна ограда според европскиот стандард EN 1317, изградба на контролен центар, како и изградба на дополнителни паралелни патишта.

Минатата година беа отворени три делници од автопатот на потегот Врбјани – Ботун и Климештани – Охрид, со вкупна должина од 27,96 километри, како и дел од пристапните патишта до околните населени места.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: