Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Трипуновски: Се следи откупот на оризовата арпа, никогаш оризопроизводителите не биле оставени сами на себе

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја следи состојбата со откупот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја следи состојбата со откупот на оризот во кочанскиот регион, во делот на тоа како се откупува, по која цена, одговори денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој беше прашан за проблемот со откуп на оризовата арпа од ланската реколта. Посочи дека досега се откупени 10.000 тони оризова арпа.

-Знаете дека во делот на есенската жетва имаше можеби мали пореметувања со временските прилики, дождови, да речеме задоцнета жетва итн. Меѓутоа податокот, кој што го имам досега е дека се откупени над 10.000 тони оризова арпа. Го следиме процесот, сакам да упатам еден апел дека никогаш, посебно оризопроизводителите не биле оставени сами на себе, покрај другите земјоделски култури. Ако има потреба од дополнително секогаш би излегле во пресрет, за да го заштитиме нивниот труд и нивната работа – изјави Трипуновски. 

Прашан дали е завршен и планираниот откуп на оризот за државните стоковни резерви, Трипуновски потврди дека се откупени планираните 2.400 тони  и се сместени во капацитетите, кои се одрбрани од страна на Агенцијата за стоковни резерви. Што се однесува за проблемот на кочанските оризопроизводители со недостаток на семенски материјал за претстојната сеидба, Трипуновски рече дека Институот за ориз во Кочани веќе работи на производство на семенски материјал, а ова го има како што рече иницирано уште во времето кога бил министер во техничката Влада. 

Реклама

-Ве поканувам како медиум да го посетите овој Институт и да се уверите, навистина таму има сериозен прогрес. Веќе оваа година, оваа сеидба ќе имаме први количини на семенски материјал, кои што ќе бидат употребени – рече Трипуновски. 

Тој  жали што претходните власти не  вложувале во овој Институтот, како и во квалитетот и квантитетот на земјоделското производство. 

-Меѓутоа тоа што е, ние уште во првиот момент од нашето влегување во Министерството се заложивме ова да почне како процес. Инаку треба да знаете дека во делот на семепроизводство потребни се неколку години, за да добиете семенски материјал, кој што ќе биде дистрибуиран до самите земјоделци – рече Трипуновски.

Во тек е сеидбата на ориз во Кочанскиот Регион, а според планот за наводнување на АД Водостопанство „Брегалница“ годинава ќе се посеее ориз на површина од 4.000 хектари.