Реклама

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

Економија

Трипуновски: Министерствата за земјоделство и економија утре ќе имаат заеднички состанок со увозниците на вештачки ѓубрива за носење конкретни мерки

Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за економија и труд заеднички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за економија и труд заеднички прават скрининг на увозниците на вештачки ѓубрива, информираше денеска министерот за земјоделството, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој денеска одговараше на новинарски прашања пред отварањето на Меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса 2026“(АНП-2026) на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Трипуновски најави дека на утрешниот заеднички состанок се очекува да се донесат мерки кои ќе го превенираат ценовниот шок, бидејќи има зголемување на цената на вештачките ѓубрива. Скринингот е во делот на тоа по која цена се увезени вештачките ѓубрива и колкава е маржата која што ја имаат употребено во делот на продажбата.

– Веќе во текот на утрешниот ден е закажан состанок со увозниците на вештачки ѓубрива во нашата држава, во Министерството за земјоделство, на кој што ќе присуствуваат и претставници од Министерството за економија, да ја согледаме сондажата од терен, која што е пристигната од Пазарниот инспекторат и спрема тие параметри кои што ќе бидат внатре на еден заеднички состанок ќе донесеме некои конкретни мерки, како ќе се делува во делот на евентуално превенирање на ценовниот шок, во делот на употребата на вештачките ѓубрива – рече Трипуновски.

Реклама

На прашањето дали сточарите ги добија сите субвенции, Трипуновски со одговор дека во делот на исплатата на субвенциите секогаш има дополнителни контроли и тоа, како што рече, во делот на тоа што значи исправност на самите апликации. 

-Субвенциите кои што досега се исплатени се преку 35 милиони евра, за повеќе земјоделски категории и така ќе продолжи во наредниот период. Повторувам оние кои што биле во дополнителна контрола, по завршување на самиот процес ако е исправна апликацијата, ако е контролата во ред, нормално ќе им се исплати на тие земјоделци, рече Трипуновски кој денеска одговараше на новинарски прашања пред отварањето на  научното стручно советување „Агро-наука и пракса 2026“ во Штип.