Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Економија

Ацо Ристов ја презеде функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад

Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ), Ацо Ристов, ја презеде функцијата од Лирим Сулејмани, заменик-претседател на РКЕ.

Комисијата соопшти дека на средбата за примопредавање на функцијата нејзините членови го информирале новиот претседател Ристов за тековните активности во секторите за кои е надлежна РКЕ, а кои се поврзани со енергетските реформи, како и за состојбата со водните услуги и статусот на процесите поврзани со новиот сектор – комунален отпад.

– Во фокус на состанокот беше начинот како РКЕ дејствува во време на ценовна нафтена криза и мерките што се преземени со цел амортизирање на ценовниот удар на нафтените деривати. Презентирани беа и временската рамка и процесот на усогласување на подзаконските акти и методологии со европското законодавство, што е обврска од новиот Закон за енергетиката. Беа споделени и активностите и преземените обврски кон меѓународните институции, како што се Енергетската заедница, Асоцијацијата на регулаторите за вода од Европската Унија – WAREG и Регионалната асоцијација на регулаторите за енергетика – ERRA – соопшти РКЕ.