Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Веќе трет ден слави: Филипче како да е посреќен од самиот Маѓар по изборните резултати во Унгарија

Слават како тие да победиле во Унгарија. Се мешаат во внатрешните работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Слават како тие да победиле во Унгарија. Се мешаат во внатрешните работи во Србија и повторно влегоа во конфликт со Вучиќ. Отворено навиваат Доналд Трамп да падне во САД, а не кријат ни дека го поддржуваат и Еди Рама во Албанија. СДСМ целосно заборава дека е политичка партија во Македонија. По се изгледа ги интересира се, освен нивниот катасрофален рејтинг и изборите во сопствената држава. Веќе трет ден слави и Венко Филипче, па дури и свика посебна прес-конференција посветена само за состојбите во Унгарија.

-Историската победа во Унгарија, испраќа порака до целиот регион, времето на автократите завршува, паѓаат автократските режими, следен е во Србија, па после тоа на Мицкоски кај нас, изјави Филипче

Според поранешни видни функционери на социјалдемократите, ваквата реторика на Венко Филипче, е со цел да се оттргне вниманието на членството од реалните проблеми кои ги има партијата, а тоа е кастастрофалниот рејтинг, според кој веќе не се ниту трета политичка сила во државата. Екс градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ, за Алфа вели дека состојбите во партијата не си ни блиску до добри, а тоа го покажуваат и секојдневните критики од многу видни партиски лица.

Реклама

-Овие изјави и овие реакции од страна на СДСМ се само да се оттргне незадоволството кое што постои према раководството на партијата. Пак ќе потсетам имаше исклучување на видни членови на партијата, имаше изјава на поранешен претседател Стево Пендаровски, кој што кажа ако не се смени нешто во политиката на СДСМ дека ќе се доведе до исчезнување од политичката сцена или ќе се сведат на статистичка грешка. Кажав критика и од актуелен градоначалник од шесте, кој што ги има СДСМ, дека треба да дојдат нови свежи, млади сили, кој што треба да направат некои процеси позитивни во партијата, вели Богдановиќ.

Самите пораки кои Маѓар ги испрати веднаш по изборната победа, а тоа е дека Унгарија ќе продолжи со соработката со државите со кои веќе имаат партнерски односи, со што уште една теза на СДСМ паѓа во вода, бидејќи Македонија со Будимпешта има договори за билатерална сорабтока. Како демант на трврдењата на Филипче се и самите изјави на идниот унгарски премиер, дека ќе продолжи соработката со Русија, пред со во делот на енергетиката, бидејќи таква е географската положба и тоа е неизбежно.

-На победата на Маѓар најмногу се радуваат тие сили кои што бараат негирање на се што е македонско, бришење на идентот и воедно и СДСМ. Унгарија и Македонија ги подигнале односите на некое стратешко партнерство, што останува на народот, без разлика денес е еден на власт и утре е друг. А кога ќе ги видите изјавите на самиот Маѓар, тој вика дека ќе гледа тие односи да ги негува, да ги подобрува итн, вели Богдановиќ.

Според познавачите ваквите потези на СДСМ наликуваат на репризи од времињата кога тие формираа Влада, како што беше случајот во 2002-ра, кога после воениот конфликт дојдоа на власт заедно со ДУИ, како и во 2017-та, кога иако поразени на изборите, со странска помош успеаја да ја формираат Владата.

Матеја Петровски