Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Приведен жител на неготинско Пепелиште, алкохолизиран и со забрана за управување возило удрил во пешак

Жител на неготинското село Пепелиште бил лишен од слобода, откако возејќи под…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жител на неготинското село Пепелиште бил лишен од слобода, откако возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил во пешак во селото, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 14 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода Л.Д., 55-годишник од село Пепелиште. Тој управувајќи патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, удрил во пешакот Р.М., на возраст од 62 години од истото село, кој се здобил со телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош – Неготино, појаснија од СВР – Велес.

Како што информираа оттаму, по преземени мерки и извршени проверки, констатирано било дека Л.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.76 промили алкохол во крвта и возилото го управувал со активна забрана за управување возило.

Реклама

– По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица. Возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР – Велес.