Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Утре РКЕ со нови цени на горивата

Граѓаните во нетрпение. Утре очекуваат Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните во нетрпение. Утре очекуваат Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука за поевтинување на горивата. Премиерот Мицкоски рече дека мерките даваат резултати и очекува пониски цени на дизелот за 2,5 денари и на бензините за 1,5 денар по литар. Тоа значи дека ако регулаторот ја потврди пресметката, дизелот би се продавал за 95,5 денари за литар, 95-ката за 82 денари и 98-цата за 84 денари за литар. Од овие цени може да се оди и 3 денари надолу поради попустот од 3 денари кој снабдувачот ОКТА им го даде на трговците.

Утре на владина седница треба да се разгледува и анализата на цените на основните прехранбени производи. Од ова ќе зависи дали ќе има нови мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Државниот пазарен инспекторат досега направил контроли во над 800 продажни места. Инспекторите „прочешлале“ производители, увозници, дистрибутери, локални продавници и ланци на маркети. Се проверувале цените на основните прехранбени прозиводи, средства за лична хигиена, средства за чистење, како и детска и бебешка храна и други детски производи. Анализата треба да покаже дали и колку тие поскапеле на почетокот на април, споредено со февруари годинава.

Дел од мерките кои Владата ги разгледува како можни опции се намалување на ДДВ-то на основните производи и ограничување на профитната маржа на трговците. Бизнисот и аналитичарите бараат построги контроли и секторски и таргетрирани мерки.

Реклама

Пред Велигден поскапеа јајцата, а претходно и маслото за јадење. Кризата на Блискиот Исток која предизивка поскапување на нафтата, гасот, енергенсите и транспортот резултираше со повисока инфлација. И покрај тоа што таа се сведе на под 3% во првите два месеци, во март се зголеми на 4,9%. Засега Владата не ги менува проекциите и Македонија има меѓу најниските цени на горивата и меѓу најниските стапки на инфлација на месечно ниво во Европа од 0,7%.