Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Очекуваме на следната седница на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очекуваме на следната седница на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да се донесе одлука со која ќе имаме намалување на цената на дизелот за 2,5 денари, а на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, рече денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски. 

Остануваме, посочи, држава со најниски цени на енергенси и единствена којашто во оваа недела ги намалува цените на нафтата и нафтените деривати.  

Како што посочи, со претстојната одлука на РКЕ максималната цена за Еуросупер 95 ќе биде 82 денари за литар (1,33 евроценти),  84 денари (1,37 евроценти) на Еуросупер 98, а на дизелот 95,5 денари (1,55 евроценти) за литар, без попустите од ОКТА од 2 денара за бензините, односно 3 денари за дизелот.

Реклама

Очекувањата за одлуката на РКЕ, како што појасни, се врз основа  на направената анализа на движењата на цените на нафтата и нафтените деривати на берзите во изминатата недела.

– Остануваме и следната недела на мерките со намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која РКЕ може да постапува. Остануваме и понатаму држава која навремено и сигурно ги обезбедува сите количини на нафта и нафтени деривати за граѓаните и бизнисите, рече Мицкоски.

Тој истакна дека државава има доволни количини да го амортизира и притисокот од соседството. 

– Имаме денови кога конзумот е зголемен за 30 проценти споредено со просекот во минатото и достигнуваме до 2 милиони литри на ден, што претставува апсолутен рекорд. Најголемиот притисок се врши на северната, западната и јужната граница, но имаме доволни количини на бензинските пумпи за граѓаните од нашите соседни држави  и можеме да обезбедиме тие да добиваат гориво од бензинските станици во тие погранични општини, рече Мицкоски. 

Како што нагласи, остануваме држава со најниски цени на енергенси и единствена којашто во оваа недела ги намалува цените на нафтата и нафтените деривати.  Со тоа, посочи, уште еднаш се потврдува успешноста на владината политика во делот на справување со оваа, како што вели, епска историска енергетска криза која што е поголема од двете кризи во 70-тите години и кризата во 2022 година заедно. 

– Со политиките кои досега ги водиме успеваме да обезбедиме најевтини бензини и дизел горива. Дизел горивото кај нас е 1,55 евроценти за литар, во соседна Србија тоа е од 1,85 до 1,99, во Хрватска се движи од 1,85 до 2,20, во Грција и Албанија помеѓу 2 и 2,2 евра во зависност од тоа која бензинска се користи, наведе Мицкоски.

Успеваме, потенцира премиерот, како Влада веќе 45 дена достоинствено да се справиме со кризата, предизвици ќе има, ќе бидат анализирани на дневна основа и врз основа на тоа ќе носиме и ограничувања.   

Мицкоски, на новинарско прашање, повтори дека на следната Владина седница ќе се направи анализа од извештајот за цените на производите од Министерството за економија и труд и Инспекторатот за труд  врз основа на која ќе се носат идните одлуки. Засега остануваат мерките за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за бензините и дизел горивата и одлуките за нивелирање на акцизите, рече Мицкоски,  кој воедно упати честитка за велигденските празници.