Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Николоски: Подготвителните активности за реализација на проектот брза пруга се со одлична динамика 

Одлично се одвиваат подготовките за почеток на изградба на брзата пруга преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлично се одвиваат подготовките за почеток на изградба на брзата пруга преку Договорот за партнерство со Обединетото Кралство, истакна  заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој најави почеток на работите на терен од есен годинава.

-Одлично течат подготвителните работи, трасата е веќе избрана, сега се работат потребните геолошки истражувања, студии, се работат претпроектирања и проектирања и тоа е рокот од една година кој што лани го зададовме. Ќе бидеме во рамки на рокот, а тоа значи дека во текот на летото сето ова ќе биде завршено, после тоа ќе може да се потпише договорот со финансиерот, односно Банката и да почне она што за граѓаните е видливо, а тоа е работа на терен. Рокот останува ист, односно до крајот на 2031 година – рече Николоски во гостувањето на една од националните телевизии.

Во однос на изградбата и реконструкцијата на болници во Штип, Тетово и Кичево, објекти кои се исто така опфатени со Договорот за партнерство со Обединетото Кралство, Николоски истакна дека во овој дел Министерството за финансии веќе е во крајна фаза за избор на индикативна понуда за финансирање на истите.