Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Општина Маврово и Ростуше воведува еднократна финансиска помош за секое второ и третородено дете а ја зголеми за првородено дете

Општина Маврово и Ростуше, согласно програмските определби на градоначалникот Онер Јакупоски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Маврово и Ростуше, согласно програмските определби на градоначалникот Онер Јакупоски и со поддршка на Советот на општината, воведува еднократна финансиска помош за секое второ и трето а ја зголемена за првородено дете, изјави Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за односи со јавноста

– Согласно новиот правилник, висината на помошта за првородено дете, што како право се исплаќа од 2018 година,  се зголемува и таа сега изнесува 10 илјади денари. Новата мерка предвидува 18 илјади  денари за секое второ родено дете, додека 25 илјади денари за секое третородено дете. Оваа мерка има за цел да им даде директна поддршка на младите семејства и да го поттикне наталитетот во нашиот регион, рече Ибраими.

Право на еднократна парична помош имаат родителите кои се со постојано живеалиште во едно од населените места на територијата на Општина Маврово и Ростуше.

Реклама

-За да се оствари ова право, потребно е да се приложат следните документи копии од важечки документи за идентификација (лични карти или пасош) од двајцата родители,  извод од матична книга на родени за новороденото дете, извод од матична книга на венчани, Потврда за редовна вакцинација за детето и трансакциска сметка на барателот. За второ и трето новородено дете потребно е да се приложат и изводи од матична книга на родени за претходните деца (првото, односно второто дете), објаснува Ибраими.

Барањето и потребните изјави се подигнуваат и пополнуваат директно во просториите на Општина Маврово и Ростуше, и се поднесуваат во рок од три месеци од раѓањето на детето. 

Според Ибраими, службите во општината стојат на располагање за сите дополнителни информации и помош при пополнување на документацијата.