Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Во Штип се гради нова улица кон новата Клиничка болница и медицинското училиште

Почна пробивањето на нова улица, која ќе ги поврзува улиците „Мирче Ацев“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна пробивањето на нова улица, која ќе ги поврзува улиците „Мирче Ацев“ и „Тодор Колораров“ кои водат до новата зграда на Клиничка болница и средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека станува збор за нова поширока улица. Потребата од нејзината изградба е поради големата фреквенција на возила околу штипската Клиничка болница. 

– Ова е едно комплетно нова траса, која верувам ќе го намали постоечкиот сообраќаен метеж на овие улици и ќе овозможи побрз пристап до средното медицинско училиште и до новата Клиничка болница, а имајќи предвид дека проектот на Владата на Република Македонија е во непосредна близина до средното медицинско училиште и до зградата на новата Клиничка болница да има Студентски дом и Факултет за медицински науки верувам дека оваа траса и оваа сообраќајница перспективно ќе биде користена и ќе користи за пристапноста на сите објекти – изјави Јорданов.

Тој додаде дека оваа инвестиција чини 15 милиони денари. Јорданов потенцираше дека Општината паралелно работи и на нови инфраструктурни проекти, меѓу кои е и новата обиколница од населбите Железничка и Пребег кон Мерите и викенд населбата Плуждино, а на оваа траса ќе има и нов мост на реката Брегалница. Нова обиколница со нов мост на река Брегалница е предвидено да се изгради и меѓу штипските населби Баби и Балканска. 

Реклама

– Ова се капитални проекти, кои што верувам дека Штип ќе го променат визуелно и функционално. Посакувам динамиката на градба да биде забрзана, за час побрзо овие проекти да се стават во функција – рече Јорданов.