Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Анализите од што починаа децата во „Пулс“ се потврдени, но резултатите ќе се откријат на суд

Родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ во текот на судењето ќе слушнат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ во текот на судењето ќе слушнат од што точно и како загинаа нивните деца. Овој одговор го добија дел од нив кои изутрината дојдоа во Институтот за судска медицина во Скопје на средба со директорот, Александар Станков. Тој им објаснил дека Институтот не смее да дава никакви податоци за извршените анализи поврзани со нивниот дел од работата во случајот, бидејќи тие анализи се дел од доказната постапка која ќе биде презентирана пред судот. Прашањата што ги мачат родителите се дали Институтот направил токсиколошки анализи и дали е утврдено присуство на цијанид во телата на жртвите, како причина за смртта. Александар Наунов, татко на Надица Наунова, која загина во пожарот, вели дека анализите се направени и сите материјали се предадени во Обвинителството.

Дојдовме, ни објаснија дека се е дадено во обвинителство. Направени се сите токсиколошки анализи и дека ќе чекаме на вештачењето во судот да се изјаснат. Кога ни починаа децата тие земале примероци од нив од крвта и од органите но немало машина за испитување на токсични материи. Сега има машина, испитано е се и предадено е во обвинителство, вели Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 март 2025“.

По средбата и директорот Станков потврди дека на родителите им било објаснето што се е направено и зошто сега не може да се информираат за вештиот наод којшто ќе биде доказ во судската постапка.

Реклама

Поразговаравме обајснето им е се што треба досега да се објасни. Како што и претходно дадов изјави, се што е побарано од нас е завршено и сите докази ќе бидат јавно презентирани во судската постапка. Мислам дека луѓето разбраа одредени работи, ја разбраа нашата работа каква е, колку можеме и што можеме да се направи и име јасно дека се ќе биде јавно во текот на судската постапка, вели Александар Станков, директор на Судска медицина.

На ова му претходеше сомнеж и притисок од семејствата на жртвите околу причините за смртта и начинот на кој се води истрагата за трагедијата. Родителите подолг период бараа појаснување дали се направени сите потребни анализи, особено токсиколошки, бидејќи постоеле шпекулации дека можно е труење со одредени супстанци.Родителите и претходно оствариле средба со директорот на која им било истото кажано – дека информациите од анализите се дел од вештиот наод кој ќе сгане неупотреблив, ако е објавен пред да се изведе како доказ. Во меѓувреме на големото судење за Пулс исказ даваат сведоци на обвинителство. Во овој процес се обвинети 35 физички и три фирми, меѓу кои сопственици, блиски на сопствениците, инспектори, поранешни министри и припадници на обезбедувањето. На почетокот на судењето, сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни и ја оспорија причинската врска помеѓу нивните дејствија и трагичниот пожар.

https://youtu.be/OzDrGh9A94s