Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Министерот Ристовски и градоначалникот Ќура го пуштија во употребареконструираното мултифункционално спортско игралиште во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Струга

Министерот за спорт, Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денеска го пуштија во употреба целосно реконструираното мултифункционално спортско игралиште во ООУ „Браќа Миладиновци“.

-Со оваа инвестицијата на Министерството за спорт извршена е комплетна реконструкција на спортскиот комплекс, кој сега нуди современи услови за повеќе спортови – фудбал, ракомет, кошарка и одбојка. Просторот е опремен со нови реквизити и поставена е заштитна ограда, што ќе овозможи безбедно користење на игралиштето од страна на учениците и младите од Струга – се наведува во соопштението на Министерството.

Новиот уреден простор првенствено, се додава во соопштнието, ќе биде наменет за спортските активности на учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“, но ќе биде достапен и за пошироката локална заедница, со цел промоција на здрави навики и активно живеење.

Реклама

-Сите овие проекти ги реализираме со цел да се подобрат условите во кои децата ќе може да спортуваат и да се рекреираат. Иако ова не е наменето за професионален спорт, сепак е многу важно за развојот на децата. За мене како министер и за Министерството за спорт младите се приоритет. Ќе продолжиме да градиме вакви мултифункционални игралишта коишто се бенефит за младите, но и за наставниците да имаат уреден и безбеден простор на кој учениците може да се занимаваат со спорт. Министерството за спорт во изминативе 18 месеци посветува посебно внимание на капиталните инвестиции и секогаш сме тука да помогнеме во рамките на нашите можности – изјавил министерот Борко Ристовски.

Капиталните инвестиции и вложувањата во изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, се додава во соопштението и во наредниот период ќе бидат еден од приоритетите во работата на Министерството за спорт како клучен сегмент за развој на спортот и промоција на активниот начин на живот особено кај младата популација.