Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Меџити: Над 40 домаќинства добиваат приклучок на водоводната мрежа на улицата „Аврам Писевски“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити информира за напредокот на работите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити информира за напредокот на работите на улицата „Аврам Писевски“ во Гази Баба, каде што во моментов се реализира приклучување на оваа зона на водоводната мрежа.

Со оваа инвестиција, како што информираат од прес-службата на општината, се обезбедува стабилно водоснабдување и се подобруваат условите за живот за жителите на оваа зона.

-Ја поврзуваме оваа зона со водоводната мрежа, носејќи конкретна промена за над 40 домаќинства. Ова е инвестиција што се чувствува во секој дом. По оваа фаза ќе следи целосно асфалтирање на улицата, со што ќе се создаде модерна инфраструктура и полесно движење за граѓаните – нагласил Меџити.

Реклама

Од Општина Чаир соопштуваат дека овој проект се реализира во неколку фази, започнувајќи од основната инфраструктура и продолжувајќи со целосно уредување на улицата, со цел подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.