Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Божиновска и Муцунски во Вашингтон на потпишување договор за поддршка за истражување критични минерали во вредност од пет милиони долари

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во седиштето на Американска меѓународна финансиска корпорација за развој (ДФЦ) во Вашингтон, присуствуваа на свеченото потпишување договор за финансиска поддршка во износ од пет милиони долари, наменети за истражување критични минерали во Македонија.

Договорот, како што информираат од Кабинетот на Божиновска, е потпишан помеѓу Конор Колман, раководител на инвестиции во ДФЦ, и Ник Јовановски, извршен директор на „Пела глобал лимитед“. 

– Финансиската поддршка претставува конкретен чекор во насока на развој на потенцијалот на критичните минерали како значаен сегмент од современите енергетски и индустриски политики. Со овој договор се отвораат можности за понатамошни инвестиции, истражувања и технолошки развој во согласност со глобалните трендови за обезбедување алтернативни извори на критични суровини – се наведува во соопштението од Министерството  за енергетика, рударство и минерални суровини.

Реклама

Настанот се реализира во рамките на официјалната посета на владината делегација на Соединетите Американски Држави, при што претходно беше одржана билатерална средба со раководството на ДФЦ, на која, како што информираат, биле разгледани можностите за продлабочување на соработката и поддршка на конкретни проекти.

– Овој чекор претставува значаен сигнал за зголемен интерес за инвестирање во секторот на критични минерали во Македонија и дополнително ја потврдува стратешката соработка со САД во областа на енергетиката и ресурсите – се вели во соопштението од МЕРМС.