Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД

Македонија е првата земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е првата земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави, имаме усогласена заедничка изјава за царинските тарифи, а потврдени се и некои инвестиции, кои допрва ќе следуваат – изјави денека премиерот Христијан Мицкоски. Додаде дека земјата, во рамките на ова партнерство, е третирана како рамноправен партнер. На ваков начин, вели, ние сме чекор поблиску во билатералните односи. 

– Прво, важно е тоа што таму сме на супер високо ниво. Практично, господинот Ландау е вториот човек во рамките на Стејт департментот и тој ја предводи американската делегација. Тој е заменик на државниот секретар Марко Рубио. Во текот на вчерашниот ден се отворија многу теми од областа на одбраната, дигиталната трансформација, енергетиката… и безбедноста, се разбира. Според тоа што можете и вие да го видите, самиот Стејт департмент, Белата куќа, но и господинот Ландау, јасно ја потенцираат улогата на нашата држава во рамките на нашето партнерство, дека станува збор за рамноправни партнери, дека сериозно го ценат она што ние го правиме како држава и во рамките на НАТО и во рамките на други меѓународни организации – рече Мицкоски.

Според него, добро е да се спомене и фактот дека ние сме првата држава од Европа која има ваков стратешки дијалог на вакво стратешко ниво.

Реклама

– Ние имаме усогласена заедничка изјава кога станува збор за царинските тарифи. Таа е потврдена. Потврдени се некои други инвестиции, кои допрва ќе следуваат, така што сега сме чекор поблиску во нашите билатерални односи со Соединетите Американски Држави како нивен стратешки партнер во регионот – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на општина Шуто Оризари.

Тој рече дека е договорена соработка во повеќе областим како енергетиката, безбедноста, одбраната. 

– Има и дел поврзан со безбедноста. Сега има работи што јас не можам јавно да ги споменувам, но некои од тие работи се и размена на информации и мислам дека тие многу ќе бидат корисни и многу ќе го зголемат квалитетот на работа на овие две институции – рече премиерот Мицкоски.