Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Општина Кочани го одбележа 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите

Претрпладнево, на јарболите пред зградата на Општина Кочани беше кренато ромското знаме,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претрпладнево, на јарболите пред зградата на Општина Кочани беше кренато ромското знаме, симбол на идентитетот, културата и историјата на Ромите ширум светот, со што продолжува одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Со овој чин е испратена порака за почитување на различностите и градење инклузивно општество во кое сите граѓани имаат еднакви можности.

По подигнувањето на знамето, градоначалникот Владко Грозданов приреди прием за претставници од ромската заедница во Кочани. На средбата се разговараше за актуелните предизвици, но и за постигнатите резултати и идните активности насочени кон подобрување на условите за живот, образованието, вработувањето, домувањето на Ромите.

Градоначалникот упати честитки по повод празникот, истакнувајќи дека Општина Кочани останува посветена на унапредување на еднаквоста, меѓусебната почит и соработката со сите заедници. Претставниците на ромската заедница изразија благодарност за вниманието и поддршката, потенцирајќи ја важноста на заедништвото за создавање подобра иднина, се наведува во соопштението од локалната самоуправа.

Реклама

Одбележувањето на 8 Април во Кочани е потсетник дека културната разновидност е богатство, а заедништвото – основа за напредок на целата заедница.