Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Општина Илинден доби донација од ТАВ Македонија во рамки на акцијата „Подај рака – хумана Општина Илинден“

Општина Илинден денеска прими значајна хуманитарна донација од општествено одговорната компанија ТАВ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден денеска прими значајна хуманитарна донација од општествено одговорната компанија ТАВ Македонија, во рамки на подготовките за традиционалната велигденска акција „Подај рака – хумана Општина Илинден“.

-Донацијата, која содржи прехранбени и хигиенски пакети наменети за социјално ранливите категории граѓани, му беше врачена на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски од генералниот директор на компанијата ТАВ Македонија, Неџат Курт. На средбата беше истакнато значењето на партнерството меѓу локалната самоуправа и општествено одговорните компании, особено во пресрет на големиот христијански празник Велигден, велат од општина Илинден.

Градоначалникот Георгиевски упатил искрена благодарност за континуираната поддршка од ТАВ Македонија, нагласувајќи дека ваквите донации се од клучно значење за успешна реализација на хуманитарната акција.

Реклама

-Овие донации имаат суштинско значење за нашите напори да обезбедиме достоинствено одбележување на големиот христијански празник Велигден за сите семејства во општина Илинден, истакна градоначалникот Георгиевски.

Генералниот директор на ТАВ Македонија потенцирал дека компанијата останува посветена на поддршка на заедницата, со цел празничните денови да бидат исполнети со повеќе грижа, солидарност и човечност.

Општина Илинден, како што најавуваат оттамум, и во наредниот период ќе продолжи со спроведување на активности насочени кон унапредување на социјалната заштита и поттикнување на хуманоста, со цел создавање поинклузивна и солидарна заедница за сите граѓани.