По повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април во Собранието денеска ќе се одржи настан „Од невидливост кон еднаквост – одржлива инклузија и правен идентитет за ромската заедница“.
Најавени се обраќања на претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицковски, заменик шефицата на Мисија на ОБСЕ во Скопје, Сусан Пенкса, како и на Јаше Сефер, претставник на Ромската заедница во Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието.
Претходно краток историјат за Ромите ќе презентира ученичка од Основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ Шуто Оризари.

Предвидена е и панел дискусија за одржлива инклузија и правен идентитет на Ромите, на која ќе говорат Игор Здравковски, пратеник и координатор на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција, како и пратениците членови на оваа група Арбана Пашоли и Амар Мециновиќ, Соња Мираковска, членка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и координатор на работната група за Законот за матична евиденција и Елвис Шаќири, извршен директор на Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико.
