Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Божиновска во Вашингтон на средба со „Шеврон“ за диверзификација на снабдувањето и влез на американски компании на македонскиот пазар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба во канцеларијата на Chevron Corporation во Вашингтон, посветена на унапредување на енергетската соработка и обезбедување стабилно и диверзифицирано снабдување со нафта и течен природен гас (LNG).

Разговорите, како што информираат од Кабинетот на Божиновска, биле фокусирани на клучни теми за енергетската иднина на државата, вклучително и диверзификацијата на снабдувањето со нафта и течен природен гас, можностите за влез и поголемо присуство на американски нафтени компании на македонскиот пазар, зајакнувањето на стабилноста и конкуренцијата, како и унапредувањето на енергетската безбедност. Дополнително, беа разгледани и потенцијалите за понатамошен развој на енергетскиот сектор преку нови инвестиции и партнерства.

Божиновска, истакнала дека Македонија е отворена за нови партнерства кои ќе донесат сигурност во снабдувањето и ќе создадат поконкурентен пазар.

Реклама

Средбата со „Chevron“ претставува значаен чекор во позиционирањето на земјата како сериозен партнер во регионалната и глобалната енергетска мрежа, со јасен фокус на долгорочна стабилност и стратешка диверзификација.

На состанокот, како што информираат од Министерството, покрај присутните во Вашингтон, онлајн се вклучиле и водечки претставници на компанијата, од различни делови на светот, вклучително и од Пекинг и Мадрид, што, како што велат, ја потврдува сериозноста и глобалната тежина што „Chevron“ ја дава на потенцијалната соработка со Македонија.

Од страна на Шеврон, на состанокот учествувале Брајан Еснер, генерален менаџер за LNG Origination, кој зад себе има повеќе од 25 години искуство во глобални енергетски проекти, како и Лем Смит, потпретседател за меѓународни владини односи и Стив Кеил, сениор менаџер за меѓународни владини односи.

На состанокот министерката Сања Божиновска, ја придружуваа Горан Николовски, раководител на секторот за гас, и Недим Рама, директор на НОМАГАС кој се дел од македонската делегација во Вашингтон.