Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Кило по кило – Од Грчец, директно во Струмица: Полицијата разби голема кокаинска мрежа

Како на фабричка лента – скопјанец се грижел кокаинот во килограми да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како на фабричка лента – скопјанец се грижел кокаинот во килограми да стигне во Македонија, а од тука во помали пакувања до Струмица, Штип и другите градови. Таму ја пречекувале други дилери кои биле задолжени за продажбата на мало по македонските улици директно до наркозависниците. Шемата била добро разработена, бизнисот цветал, а трагите се бришеле за да не се откријат, велат избори на Алфа во акцијата со која полицијата разби голема кокаинска мрежа.

Но сепак, доказ по доказ, Оделот за организиран криминал при БЈБ, во неколку наврати досега ги фатиле со по 100 тина грама кокаин во транспорт. Тоа ги донело и до други докази, а најверојатно и посебните истражни мерки помогнале да се растури мрежата.

Претресите кои се спроведоа на најмалку 15-тина локации, ги потврдиле сомнежите на полицијата. Биле пронајдени повеќе предмети меѓу кои одредено количество на кокаин, поголема сума на пари, нелегално оружје и вага за мерење дрога..  

Реклама

Неофицијално, засега во рацете на полицијата паднале и имиња добро познати во криминалните кругови, меѓу кои се споменуваат Бранко Покрајчевалиев и Зоран Бојаџиски, двајцата од Струмица, одреден Симо Коцев, како и Веле Петрушевски Бикот  – за кој јавноста веќе има слушното кога се појави како сведок на Александар Василевски Нинџа за настаните од 27 април 2017 година. Сомнежи има и за член на семејството на еден од Грчец. За повеќето, сега осомничени во Македонија, a претходно во повеќе странски држави се водела постапка против нив, за шверц и продажба на дрога, за што добиле и одрлежале затвроска казна.

Директорот на БЈБ, Александар Јанев не открива детали за акцијата бидејќи се уште се тресе на повеќе локации во скопски Грчец, Струмица, Штип..

  • Криминалните актери точно е дека биле од тука, се движеле по овие улици, се добро познати на Струмичани, а добро познати се и во безбедносните сектори. Кога кажувам дека иницијатава почна од тука, кажувам дека почна со макотрпна работа на неколку колеги од секторот за криминалистичка полиција со началникот на СВР Струмица, каде што прибраа информации и стигнаа до ниво кое заслужуваше должно внимание.. “ одговори Александар Јанев Директор на БЈБ на новинарско прашање.

Од доаѓањто на новата власт, полицијата влезе во отворена војна со наркокартелите во Македонија. Една од поголемите акции против шверцот и продожба на марихуана и кокаин, беше таа против групата на Раде Трајковски Штекли. Претходно беа разбиени и криминалните кланови од Грчец и Арачиново. Тие освен за шверц на дрога, се товарат и за повеќе убиства. Членовите на Дуќанџик завршија со затворски казни, а нивниот лидер Шеваљ Муареми е во бегство во Дубаи и за него е побарана екстрадиција. Беланоца/ Барон се докажува во судска постапка за 8 убиства за што се товарат лидери Фатљум Ајети Тоте и Аки Рахмановски.