Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Во периодот 2021-2024 година се направени вкупно 20.946 скрининг мамографии на жени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот 2021-2024 година се направени вкупно 20.946 скрининг мамографии на жени на возраст од 40 до 69 години во двегодишен циклус во повеќе мамографски центри. Скринингот на рак на грло на матка се спроведува по пат на ПАП тестови кај жени на возраст од 21 до 59 години во тригодишен циклус и во периодот 2022-2024 година од матичните гинеколози се земени вкупно 130.093 примероци за ПАП тест. Опфатот на скринингот на рак на дојка се движи од 0,8 отсто до 5,4 отсто, додека кај скринингот на рак на грло на матка од 10,3 отсто до 15,5 отсто од целната популација, што е значително под европските препорачани нивоа за организиран популациски скрининг. Со постојниот опфат не може да се очекува доволен ефект во раното откривање на болеста, се наведува во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Во Извештајот воедно се посочува дека податоците од здравствените институции покажуваат дека 80 отсто од пациентките со рак започнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста, што упатува дека најголемиот дел од случаите не се откриваат во рана фаза како очекуван резултат од организиран скрининг.

Од ДЗР наведуваат дека дека извршиле ревизија на успешност на тема „Програми за рана детекција на малигни заболувања“ со цел да се даде одговор на прашањето „Дали програмите за рана детекција и скрининг обезбедуваат соодветна покриеност на целната популација и квалитетна и навремена дијагностика и резултираат со рано откривање на малигни заболувања на дојка и грло на матка и намалување на морталитетот?“.

Реклама

Со ревизијата, како што посочуваат од ДЗР, се опфатени активностите поврзани со планирањето и спроведувањето на програмите за скрининг на рак на грло на матка и рак на дојка во период од 2021 година до 2024 година, а одредени прашања и настани се опфатени пред и по овој период.

Скрининг програмите се реализираат континуирано, но опфатот на целната популација е ограничен и не обезбедува значајни популациски ефекти. Одзивот на поканетите жени не може целосно да се оцени поради недостиг на целосни податоци за бројот на испратени покани и бројот на жени кои се одзвале на скринингот, се потенцира во извештајот.

Линк до Конечниот ревизорски извештај на ДЗР: chrome-extension://efaidnbmnnnibpcajpcglclefindmkaj/https://dzr.mk/sites/default/files/2026-04/RU_KRI_Programi_rana_detekcija_maligni_zaboluvanja_FINAL.pdf