Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности на нова училишна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности на нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Илинден.
 
Тој при тоа упати честитки за вклученоста на сите институции за зголемувањето на капацитетот на овој наставно образовен објект, односно на ова основно училиште, проект којшто, потенцира  ќе значи многу за Општина Илинден.

-Да му честитам на градоначалникот, на министерката за образование, на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Илинден бидејќи Општина Илинден се трансформира, се гради и тоа е добро, одлично бидејќи како што кажа и градоначалникот во неговата изјава најголемите комплименти доаѓаат од поддршката којашто ја добива неговата работа и работата на неговиот тим од страна на граѓаните. Да се заблагодарам и на пратеничката којашто доаѓа од Општина Илинден којашто се бори за секој еден проект повеќе за Општина Илинден, рече премиерот кој беше придружуван од министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Тој подвлече дека очекува уште многу вакви успешни проекттие да се реализираат во претстојниот период. 
 
-Така што кога ќе се изанализира се тогаш доаѓаме до резултат којшто е успех и јас би сакал уште многу вакви успеси во периодот којшто следи да ни се случуваат.

Реклама

Благодарност и до граѓаните на Општина Илинден што ја поддржуваат во континуитет работата на Владата, а ние како Влада ќе продолжиме да реализираме проекти на целата територија на Македонија, рече премиерот Мицкоск изразувајќи уверување дека уште многу вакви проекти ќе бидат реализираат.