Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кризата на Блискиот Исток најмногу го погоди Венко Филипче, не можејќи да тера луди журки во Дубаи, изигрува партиски портпарол

Откако се случи конфликтот во Блискиот Исток, Венко Филипче како да нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако се случи конфликтот во Блискиот Исток, Венко Филипче како да нема што да прави, па секојдневно на прес-конференции ја заменува Богданка Кузеска. До некаде разбирливо е за него, не може да оди во Дубаи да тера бизниси и луди журки со Харис Џиновиќ по елитни хотели, па сега глуми и партиски портпарол, божем многу загрижен за граѓаните и нивниот стандард, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Венко Филипче. 

Филипче да не се секира, во државава има кој да се грижи за граѓаните. На чело на државата е посветена и одговорна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која будно ги следи состојбите и презема навремени мерки.

Благодарение на преземените мерки на Владата, меѓи кои е и мерката за намалување на ДДВ за нафтените деривати од 18 на 10%, Македонија има убедливо најниски цени на горивата во регионот.

Реклама

Состојбата со цените на производите активно се следи на дневна основа и до сега веќе преземените мерки го даваат својот резултат, така што инфлацијата се очекува да се движи помеѓу 4 и 5 проценти, за разлика од истиот период во 2020 година кога истата беше над 10%.

Освен намалувањето на ДДВ за горивата, ќе следи намалување и на акцизите. Така што тоа, веќе од утре Владата ќе донесе одлука за намалување на акцизата за дизел горивата да се намали за 4 денари, додека за бензините за 2 денари по литар гориво.

Паралелно со ова Министерството за финансии анализира и за укинување на ДДВ за сите основни прехранбени производи коишто сега се со 5%.

Така што, на Филипче му порачуваме дека состојбите активно се следат и се преземаат мерки, а во однос на неговите грижи за платите на граѓаните, посебно минималната, го потсетуваме, ако заборавил, дека минималната плата расте согласно закон и методологија донесена токму од владата на СДСМ.

Пред нас е предизвикувачки период и владата со сите капацитети и можности, се подготвува за преземање на таргетирани, навремени и приоритетни мерки.