Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Просторот пред салата „Расадник“  добива нов, урбан лик

Просторот пред спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода забрзано се трансформира во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просторот пред спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода забрзано се трансформира во модерно урбано катче. Со врши поплочување со травертин, се гради светлечка фонтана, ќе бидат поставени нови клупи и модерно осветлување. Наскоро ќе следи и целосно хортикултурно уредување кое дополнително ќе го оплемени овој дел од населбата.

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во завршните работи од изградбата на новиот сквер, кој се протега на површина од 4.535 квадратни метри. Овој проект, како што информираат од локалната самоуправа, се реализира со средства обезбедени од Владата, како дел од инвестициите за капитални проекти во општините.

-Ова е простор кој жителите на Кисела Вода многу го сакаат и навистина ми е драго што конечно го добива изгледот кој го заслужува. Со новиот плоштад, убавата фонтана и зеленилото, просторот пред салата „Расадник“ станува вистинско место за одмор и дружење на сите генерации. Министерството за спорт веќе ја завршува целосната реконструкција на самата сала, а преку овој проект, поддржан од Владата на Македонија, ние го уредуваме просторот околу неа. Така заеднички покажуваме како се работи за граѓаните и како еден култен објект за нашата општина комплетно заживува со нов, модерен и функционален лик- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.