Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Наскоро се отвора Центарот за дневен престој на лица со попреченост во наслебата Козле

Во завршна фаза се активностите за отворање на Центарот за дневен престој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во завршна фаза се активностите за отворање на Центарот за дневен престој на лицата со попреченост, кој ќе биде стациониран во населбата Козле во скопски Карпош. Станува збор за дневен центар кој ќе нуди инклузивно и функционално опкружување, каде што лицата со попреченост ќе добијат стручна грижа, психосоцијална поддршка, социјализација и развој на животни вештини, информираат од Општина Карпош.

Овој центар, како што велат, е резултат на заедничката соработка помеѓу Здружението за здрав раст и развој – „Неуроклиник“, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Светска банка и Општина Карпош.

-Овој проект претставува значаен чекор кон унапредување на системот за поддршка и грижа на лицата со попреченост, изграден врз основа на стручност, партнерство и заедничка визија. На иницијативата и претходеше договор за меѓусебна соработка кој го потпишаа локалната самоуправа и „Неуроклиник“, во мај минатата година. Дневниот центар е во фаза на лиценцирање, по чие завршување ќе следува и информација до јавноста за неговото официјално отворање. Во таа насока, проектот претставува вистински исчекор кон едно хумано општество, кое ги препознава и воедно одговара на потребите на граѓаните од сите социјални категории, веалт од Општина Карпош.

Реклама

Дневниот центар се наоѓа на улица Јуриј Гагарин бр. 60 1/1, а за сите дополнителни информации и интерес за вклучување, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 078 336 537 или на мејл адресата: [email protected].