Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Во Велес се одржа „Априлијада“ 2026

Многу шарени и интересни костими од бајките и филмовите и маски од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу шарени и интересни костими од бајките и филмовите и маски од кои некои ги направија и учениците и дечињата со своите наставници и родители, денеска продефилираа на бините во сите велешки училишта и градинки, во рамките на „Априлијада“ 2026 за одбележување на Денот на шегата 1 Април, што беше организиран со поддршка од Општина Велес.

Во сите училишта децата кои продефилираа во костими и маски пред нивните другарчиња и наставници, сите ги следеше жири комисија составена од нивни другарчиња. Тие на крајот на програмата во сите училишта и градинки прогласија најиновативната и најсмешната маска како и најдобра групна маска и им доделија благодарници. 

.

Реклама

Во Општинското основно училиште „Блаже Конески“ за најдобра групна маска беше прогласена групата со костими бонбони „тик – так“ од трето еден одделение заедно со нивната наставничка Весна Јовевска.

Во изјавата за МИА, наставничката Весна Јовевска ни појасни дека за костимите „тик- так“ се договориле сите заедно и децата и родителите и таа со нив, а потоа и заеднички ја изработиле.