Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска остварил средба со претседателот на Дијанетот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска остварил средба со претседателот на Дијанетот, Х. Сафи Арпагуш, реис-ул-улема на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, амбасадорот на Турција во нашата земја, Фатих Усулој, како и со претставници на исламските верски заедници од Германија, Австрија и Италија.

На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши го поздравил одржувањето на Самитот на верските лидери на Балканот во Скопје, истакнувајќи дека тоа претставува доказ за заедничката волја за дијалог, меѓусебно разбирање и соработка. Тој ја нагласил важноста на соживотот, како и улогата на верските заедници во неговото унапредување и во јакнењето на толеранцијата меѓу народите во регионот.

Претседателот на Дијанетот, Арпагуш ја истакнал успешната организација на Самитот и значењето на соработката меѓу верските заедници. Тој посочил дека соживотот кој со векови постои во регионот придонесува за зајакнување на мирот, меѓусебната доверба и братството.

Реклама

Реис-ул-улема на ИВЗ, Шаќир Фетаху се осврнал на значењето на Самитот и на поддршката од институциите во неговата подготовка и реализација, истакнувајќи дека настанот добил и пошироко државно значење.

Амбасадорот на Турција, Усулој нагласил дека пријателските односи и блиската соработка меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и во иднина.