Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Министерот Алиу поддржува дополнителна дејност кај лекарите со строго дефинирани правила

Министерот за здравство Азир Алиу поддржува дополнителна дејност кај лекарите и сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу поддржува дополнителна дејност кај лекарите и сите можности што може да ги имаат вработените во здравството, но со строго дефинирани правила.

Според него, доплнителната дејност никако не смее да ги влоши процесите во јавниот здравствен систем и не смее листата на чекање да се зголеми, на товар на граѓаните и на дополнителната дејност. 

– И уште еднаш напоменувам, бидејќи имаше шпекулација дека министрот е против дополнителната дејност, што не е точно. Јас сум за секој процес кој ќе придонесе кон здравствениот систем во државата, да може тоа да го поддржиме и законски и институционално, но никако да се вложи здравствениот систем, истакна Алиу на денешната прес-конференција во Министерството за здравство.

Реклама

Нагласи дека и приватните здравствени институции се дел од здравствемиот систем во државата и оти граѓаните кои што се лекуваат во приватните здравствени институции се наши граѓани.

– Дополнителна вредност е ако некој доктор кој ќе работи во јавна здравствена установа да може да биде интересен и за приватниот сектор, бидејќи во приватниот сектор никогаш нема да ве вработат или да ви нудат можност за соработка, ако не сте стручен во областа. Мораме да бидеме претпазливи и да не ги спречиме процесите кои што придонесуваат позитивно кон здраствениот систем, но уште еднаш да не дозволиме тие процеси да се злопотребуваат, рече Алиу.