Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Сали – Хоџа: Потребна е итна акција за подобрување на имплементацијата на ИПА-проектите во животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање Мухамет Хоџа, посветена на состојбата и предизвиците во имплементацијата на ИПА-проектите во секторот животна средина.

Како што соопшти Министерството за европски прашања (МЕП), на средбата беше констатирано дека и покрај значајната финансиска поддршка од Европската Унија, реализацијата на проектите се соочува со сериозни предизвици, особено во апсорпцијата на средствата, административниот капацитет и спроведувањето на јавните набавки.

– Особено внимание беше посветено на статусот на клучните инфраструктурни проекти, при што беше нагласено дека некои од нив се соочуваат со доцнења, неуспешни тендерски постапки или прекинати договори, што претставува ризик за навремена реализација и користење на средствата. Министрите се согласија дека главниот предизвик не е во планирањето или обезбедувањето средства, туку во нивната ефективна имплементација, и дека е неопходно зајакнување на административните капацитети, подобрување на управувањето со проекти, поефикасна координација помеѓу институциите и воспоставување механизми за спречување неуспешни тендери – соопшти МЕП.

Реклама

Исто така, беше потенцирана важноста од забрзување на реформите во рамките на Поглавјето 27 и исполнувањето на обврските од реформската агенда, особено во делот на климатската политика и воспоставувањето на MRVA-системот.

– Сали нагласи дека Министерството за европски прашања ќе продолжи активно да ја координира и следи имплементацијата на реформите, со цел да се обезбеди поефикасно користење на ЕУ-средствата и постигнување конкретни резултати за граѓаните – информира МЕП.