Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

МРТ ќе спроведува истрага за песната за „Голема Албанија“, АВМУ констатира уредничка одговорност

Македонската радио телевизија ќе спроведе интерна истрага и ќе отпочне дисциплинска постапка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската радио телевизија ќе спроведе интерна истрага и ќе отпочне дисциплинска постапка за да утврди кој дозволил да се емитува детска песна со која се воспева “Голема Албанија“. Ова ќе му го наложи Програмскиот совет на директорот на МРТ.

Ова следува откако Агенцијата за аудиовизуелни медиусмки услуги извврши вонреден надзор при што утврди дека Вториот програмски сервис односно МРТ2 го прекршил Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Надзорот бил спроведен по службена должност и се однесувал на емитување од 28 март, во рамки на музичката програма „Билбилите на Кораб“. Со него се констатира дека уредничкиот тим на МРТ 2 треба да понесе одговорност.

Реклама

„Надзорот покажа дека… емитуваната содржина поттикнува и шири нетрпеливост врз основа на национална и етничка припадност преку иредентистички симболи и експлицитни политички пораки за промовирање на моноетнички, иредентистички „аманет“ за обединување на територии“ се вели во заклучокот на Извештајот на ААВМУ.

Инаку спорната содржина беше емитувана во петокот кога во рамки на детски фестивал, 13 годишно девојче изведе песна насловена „Албански територии“ а беше облечено со маичка со карта на Голема Албанија. Во стиховите отворено се пееше за територијални претензии и кон Македонија, и кон Грција, кон Србија, кон Црна Гора.