Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Им благодариме на СДСМ што предупредија дека Дака бизнис партнерот на Заев иако ги исполнил условите, влегол во планот на енергетски инвестиции, ќе направиме се да биде исфрлен

Работа на Владата не е да проверува кој седи и каква е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работа на Владата не е да проверува кој седи и каква е сопственоста на фирмата која аплицирала за инвестиции во енергетски објекти, туку дали ги исполнува условите и законските критериуми, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Им благодариме на СДСМ што не информираа дека фирмата која ги исполнува условите ХРОНОС СУМ е во сопственост на контрoверзниот бизнис партнер на Заев, Миодраг Давидовиќ-Дака, што е јасен показател во понатамошната постапка Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги искористи сите законски можности оваа фирма да не гради и инвестира во енергетски објекти. Причината за тоа е што Миодраг Давидовиќ-Дака е контроверзен бизнисмен вмешан во милионски сомнежи за криминал. Криминалната коалицијата СДСМ и ДУИ пак донесе ДУП од 200 милиони евра за офшор фирма од Панама, сопственост на контроверзен бизнисмен.

Од она што е негова историја се дознава дека Заев примал пари од Дaкa, а тој соработувал со Зоки Кичеец, и Драги Рашковски. Заев парите примени од Давидовиќ ги користел за инженеринг на референдумот за промена на името. За повеќе детали ќе слушнете на утрешната прес-конференција.