Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Крводарителите од Кочани на прием кај градоначалникот Владко Грозданов

По повод 17 Март, Денот на основањето на Црвен крст на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 17 Март, Денот на основањето на Црвен крст на Македонија и Ден на крводарителството, денеска, градоначалникот на Кочани Владко Грозданов оствари средба со крводарители и претставници на Црвен крст – Кочани.

Претставниците на Црвен крст Кочани информираа дека во текот на 2025 година, се реализирани вкупно 20 крводарителски акции, од кои се собрани вкупно 1037 крвни единици.

На заедничката средба произлезе предлогот годинава во рамките на програмата за одбележување на 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани, да се реализира седмосептемвриска крводарителска акција за граѓанството.

Реклама

На средбата присуствува повеќекратни дарители од Кочани, меѓу нив и Боро Спасов од Оризари, кој 119 пати дарувал крв и Ацо Ангелов со 135 пати, како и претставници на општинскиот Црвен крст.

Градоначалникот Грозданов изрази благодарност за реализираните активности на општинската организација на Црвен крст, како и на крводарителите и ја истакна подготвеноста за натамошна поддршка од страна на Општината.