Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Вицепремиерот Беким Сали учествува на Самитот на верските заедници на Балканот

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, денеска учествуваше на 10-тиот Самит на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, денеска учествуваше на 10-тиот Самит на верските лидери од земјите на Балканот, кој се одржа во Скопје.

Самитот беше организиран по покана на Реис-ул-улема, Шаќир еф. Фетаху, при што беа собрани претставници на верските заедници од различни земји од регионот, соопшти кабинетот на САли.

Во обраќањето на самитот, Сали истакна дека присуството на учесниците од различни земји претставува доказ за заедничка волја за дијалог, меѓусебно разбирање и соработка.

Реклама

Тој нагласи дека настанот добива посебна тежина поради фактот што се одржува во Скопје, град во кој верскиот, етничкиот и културниот диверзитет бил и останува една од темелните вредности.

Според него, доколку Балканот би се опишал во минијатура, тогаш Скопје и Сараево се двата града што најверно го претставуваат овој реалитет.

Како скопјанец и како претставник на Владата на Република Северна Македонија, тој им посака добредојде на учесниците и им посака успешна работа за време на самитот.