Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Лепавцов: Загрижувачки е намален бројот на градежни инженери, тоа ќе се почувствува врз реализацијата на капиталните проекти

Загрижувачки е намален бројот на градежни инженери и тоа ќе се почувствува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Загрижувачки е намален бројот на градежни инженери и тоа ќе се почувствува врз реализацијата на капиталните проекти – предупреди денеска претседателот на Инженерската институција на Македонија, Андреј Лепавцов.

Како што оцени Лепавцов, земјата има одличен инженерски кадар, кој засега е максимално искористен и вклучен во сите проекти на државата, вклучувајќи ги и оние на „Бехтел и Енка“.

Клучно е, напомена Лепвацов, Македонија да ги задржи младите инженери, да им овозможи добри услови за работа и професионален развој. Условите за работа и финансискиот надомест, укажа, се клучните причини поради кои тие одлучуваат дали ќе останат или ќе заминат. 

Реклама

– На Градежниот факултет серизоно е намалена бројката на студенти и тоа ќе се почувствува многу врз капиталните проекти, кои се имплементираат по најмалку пет-десет години. Бројката кај информатичките науки, машинската и електротехничката струка, е подобра. Лани на ЕТФ имаше речиси 260 магистранди и дипломци. Секако, може да е и подобро, но сè уште се држи оваа бројка. Во струките како градежништвото е доста послабо и е загрижувачки поради што апелирам младите да размислуваат бидејќи ова стана дефицитарна струка – изјави Лепавцов во рамките на настанот по повод Денот на македонските инженери.

null

Тој е дециден дека македонските инженери се стручни да раководат со проектите во земјата.

– За она што е предвидено тука да се прави имаме доволно знаење, можеме да ги раководиме сами проектите. Максимално е вклучен нашиот инженерски кадар во проектите на државата, сите капацитети се искористени – истакна претседателот на Инженерската институција одговорајќи на новинарски прашања.

Лепавцов уште еднаш порача дека мора да се направи сè за да се валоризира трудот на нашите инженери.

– Клучно е младите инженери да ги задржиме во Македонија, да им овозможиме добри услови за работа и професионален развој, да ги убедиме дека треба да останат тука. Треба да се ваолиризира и нивниот труд и нивната посветеност. Тие очекуваат условите и платата да бидат солидни, да го валоризираат нивното знаење, што важи секако и за другите професии, но е особено тешко за инженерската струка зашто секој технички факултет трае минимум пет години, а потребно е и искуство. Платата зависи во која фирма работат. Не почнуваат со минималец зашто се цени тоа што го поминале на факултет, а ако покажат знаење, бргу напредуваат и стигнуваат до солидна плата. Познавам млади инженери кои се сосема задоволни од својата плата, но познавам и такви што очекуваат многу повеќе на самиот почеток од кариерата – рече Лепавцов.

Според него, во земјата има и инженери што се вратиле од странство и тука прават многу сериозна кариера. Таков случај е денешниот добитник на признанието најдобар млад инженер, Тодор Санев, кој работи од Македонија за целиот свет, со знаење што го стекнал на нашите универзитети.

Катарина Тројачанец-Динева, вонреден професор на ФИНКИ, оцени дека во државава имаме извонредни инженери со широка визија, волја, сила и елан да го менуваат и обликуваат светот, да прават подобро утре за целото човештво. На годинешниот конкурс за најдобар млад инженер имало 20 кандидати, што е, рече, добра бројка и треба да бидеме горди на нашите квалитетни кандидати, кои ги создаваме во континуитет.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: