Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

39 полицајци со пропусти во случајот со Ивана – МВР најави одговорност

39 полициски службеници направиле пропусти во постапувањето во случајот со Ивана –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

39 полициски службеници направиле пропусти во постапувањето во случајот со Ивана – жената која трагично го загуби животот фрлајќи се од зграда заедно со своето дете. Внатрешната контрола на МВР утврдила сериозни слабости од ненавремена реакција, до недоволна координација меѓу службите…Според наодите, дел од органите не реагирале веднаш, а други не размениле информации како што треба. Од МВР велат – ќе има одговорност. Најавени се дисциплински постапки за сите кој направиле пропусти.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР утврди пропусти во постапувањето на 39 полициски службеници кои постапувале по пријавите за семејно насилство. Одделот достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, соопштија од МВР.

Случајот веќе е во рацете на обвинителството. Од ОЈО ГОКК велат предметот ќе го преземе јавен обвинител кој ќе утврдува дали има одговорност кај службените лица.

Реклама

„Известувањето за кое покажувате интерес е доставено до ОЈО ГОКК во текот на вчерашниот ден и истото ќе биде дадено на постапување на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Стојанче Јовановски вчера во судот призна дека ја тепал и ја загрозувал сигурноста на сопругата Ивана, но не и дека ја навел да си го одземе животот. Тврди дека бил принуден да признае вина и дека за трагедијата виновен е друг човек, што судот не го прифати.

Обвинителството вели дека тој се обидува да манипулира и најави докази за сите обвиненија.

Сведочењето на мајката на Ивана откри години насилство  тепања, закани и малтретирање, на кои Ивана често молчела.Таа раскажа и за драматични ситуации, кога Ивана била претепана, турната по скали во болница, па дури и оставена на автопат со детето..

Насилството продолжило до последниот ден, кога, според сведоштвата, по сериозни закани и физички напад, Ивана заедно со ќерката скокнала од шести кат. Судењето продолжува утре…