Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Се одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите

Во Народната банка се одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите, платформа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Народната банка се одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научноистражувачки трудови на Народната банка, која ја поддржува научноистражувачката дејност во земјата во изминатите 13 години.

На оваа сесија беше претставен научниот труд „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија“ од авторот Кирил Симеоновски. Сесијата ја отвори директорката на Секторот за монетарната политика, истражување и статистика Султанија Бојчева-Терзијан, која истакна дека трудот обработува особено важна и актуелна тема – финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници во македонската економија. Таа нагласи дека, имајќи ги предвид зголемената неизвесност, сѐ поголемите трошоци за живот и променливите финансиски услови, од особено значење е да се разбере способноста на домаќинствата за навремено отплаќање на нивните кредитни обврски. Овој аспект, како што посочи, е од суштинско значење не само за благосостојбата на секое домаќинство туку и за одржувањето на стабилноста на целокупниот финансиски систем.

Главната цел на овој труд е да се изработи рамка за анализа на финансиската ранливост на домаќинствата во македонската економија, кои се корисници на кредитни производи од банките и штедилниците во земјата. Анализата се потпира на методологија што се заснова на пристапот на анализа на ранливоста од аспект на ликвидноста. Како мерки на ранливост се утврдени показателот ДСТИ (англ. debt service-to-income) и релативната финансиска маргина, при што праговите на ранливоста за двата показатела се определени врз основа на економската литература и домашната регулатива. Рамката нуди можности за анализа на финансиската отпорност на домаќинствата преку задавање макроекономски шокови и оцена на нивните ефекти врз солвентноста на ниво на македонскиот банкарски систем.

Реклама

Сесиите на Клубот се одржуваат четирипати годишно. Народната банка објавува повик до истражувачите за презентирање труд, кој може да биде и во работна верзија. Трудовите се работат во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, односно со солидна емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите учествуваат аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, студенти и други заинтересирани учесници или слушатели.

Зачленувањето е од отворен карактер и повеќе информации за Клубот може да се најдат на следнава врска: https://www.nbrm.mk/klub_na_istrazhuvachi.nspx. 

Следната сесија е планирана за јуни оваа година.