Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Процес на енергетска трансформација на јавни објекти, инвестиции од 50 милиони евра 

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој беше означен стартот на подготовките за значаен инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради во Македонија.

На состанокот, како што соопшти ресорното Министерство, биле презентирани насоките за изработка на подготвителна студија за енергетска ефикасност, со јасна определба обновата на јавниот градежен фонд да стане еден од клучните државни приоритети. 

– Како почетен чекор, беше презентирана листа од 14 приоритетни јавни објекти со вкупна површина од околу 100.000 квадратни метри и проценета вредност за реновирање од околу 11 милиони евра. Ова претставува основа за градење на значително пошироко инвестициско портфолио, со амбиција да достигне најмалку 50 милиони евра, информира Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Реклама

Во текот на состанокот, посочуваат, било потенцирано дека државата веќе има обврска за годишна обнова на 3 отсто од јавните згради во периодот 2025–2028, со цел до 2028 година да се достигне најмалку 9 проценти обновена површина. 

– Подготвителната студија ќе обезбеди конкретна и применлива основа за следната фаза – детални анализи и реализација на инвестиции. Фокусот ќе биде ставен на длабински и мерливи резултати. За секој објект ќе треба да се исполнат најмалку два од трите клучни критериуми: најмалку 40 отсто заштеда на енергија, 40 проценти намалување на емисиите на стакленички гасови или 40 проценти заштеда на вода. Дополнително, кај објектите без системи за ладење, ќе се бара и најмалку 20 отсто подобрување на термичкиот комфор, посочува Министерството.

Со овој процес, како што е нагласено, државата поставува јасна, технички заснована и инвестициски подготвена рамка за забрзување на обновата на јавните згради, намалување на енергетската потрошувачка и унапредување на условите во јавниот сектор.

Процесот се реализира во рамки на програмата PEEB Cool, со поддршка од Француската агенција за развој (AFD) и во координација со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и надлежните институции.