Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Потпишан колективниот договор за вработените во Министерството за јавна администрација, етапно зголемување на платите до 40 проценти

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска го потпиша колективниот договор за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска го потпиша колективниот договор за вработените во Министерството, со кој се предвидува зголемување на платите на административните службеници.  

Како што соопшти МЈА, зголемувањето на платата на административните службеници ќе биде до 40 проценти и ќе се реализира во три фази, од март 2026 до март 2028 година. 

МЈА во соопштение нагласува дека се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените и зајакнување на социјалниот дијалог во институцијата и дека со овој договор дополнително се уредуваат правата, обврските и работниот статус на вработените, како и условите за работа, со што се обезбедува поголема сигурност, подобра заштита на работничките права и појасна рамка за функционирање на институцијата.

Реклама

– Министерот Минчев истакна дека потпишувањето на колективниот договор претставува важен чекор кон подобрување на статусот на вработените и создавање стабилна, професионална и мотивирана јавна администрација. Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените – информира Министерството за јавна администрација.